ФОТО Што прави ова возило низ македонските патишта?

Јавното претпријатие за државни патишта изминативе седум дена започна Пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 км патишта во државата.

Имено, со специјалното возило ангажирано во рамките на адаптивното одржување на РАМС системот се собираат податоците за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за фотограметрија точно се гео-референцираат. По завршување на снимањето податоците ќе се обработат и ќе бидат внесени во РАМС системот, кој ќе биде всушност катастар на сообраќајната сигнализација на државните патишта.

Овие податоци подоцна ќе бидат искористени за побрза споредба, замена и поправка на сигнализацијата која што е неопходна за безбедно и правилно водење на сообраќајот.

Снимањето ќе се врши и во наредните денови и доколку на нашите патишта сретнете невообичаено возило како на сликите во прилог бидете трпеливи и дајте му предност бидејќи работи во интерес на сите нас и на обезбедување на посигурни и побезбедни патишта.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното