Снегот кој утринава ги прекри планинските превои Стража и Плетвар создава услови за внимателно возење. Возачите се предупредуваат да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат зимска опрема, бидејќи на одредени делници има замрзнат коловоз.
Паралелно, врнежи од дожд и снег беа регистрирани и во главниот град, Скопје. По вчерашните алармантни нивоа на загаденост, кога градот беше прв на листата на најзагадени во светот, врнежите од дожд ис нег придонесе за значително подобрување на квалитетот на воздухот. Скопјани конечно можеа да здивнат, благодарение на природното прочистување кое го донесе дождот.
Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе продолжат и во текот на денот, а возачите се повикуваат на максимална внимателност, особено на планинските премини, каде што се можни снежни наноси и лизгави услови.