Во советот на Општина Битола пред самиот влез во салата службите поставија стапица за мачки.
Како што дознава ТВ 21, стапицата за мачки е поставена по реакции на советници, бидејќи инвентарот каде работеле бил уриниран од страна на мачки кои се шетаат низ советот.
По овие реакции, службите се одлучиле да постават стапица со цел надминување на овој проблем.
И во текот на изминатите седници, мали мачиња се шетаа низ салата за седници, додека советниците дискутираа.
ЈОВИЦА ПАУНОСКИ