Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во близина на местото каде што пред извесно време трагично загина младата Фросина Кулакова.
Според информации од очевидци, во несреќата учествувале три патнички возила — „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Од силниот удар возилата завршиле извртени на коловозот, а дел од нив се со значителни материјални оштетувања.
Очевидци велат дека до несреќата најверојатно дошло поради неприлагодена брзина, но официјална потврда за причините сè уште нема.
На местото на настанот излегле екипи на полицијата и Брзата помош. Засега нема официјални информации дали има повредени лица.
Полицијата спроведува увид за да ги утврди околностите под кои се случила несреќата.
