Вечерва на градскиот стадион „Тодор Проески“ се одржа хуманитарен пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена Ѕвезда.
Целиот приход од овој натпревар ќе биде дониран за семејствата и настраданите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде загинаа 61 лице.
Навивачката група Комити направи спектакуларна кореографија на која преку цела трибина беше испишано Кочани, а имаше и напишан стих од „Тешкото“ кој гласи: „И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик…”
Тие напишаа и благодарам на сите јазици на државите кои се одзваа на повикот и веднаш и помогнаа на нашата држава.
Исто така, точно во 16. минута имаше скандирање преку кое Комитите им оддадоа почит на 61-те загинати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Натпреварот почна со едноминутно молчење, а Вардар изгуби 1:3 од Црвена Ѕвезда.