Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев”.
4NEWS.mk обезбеди фотографии и видео од местото на инцидентот.
Според првичните информации, моторот удрил во бетонски столб, по што кај двете лица кои биле на моторот настапила смрт на лице место.
Во тек е увид од страна на полицијата и дежурен јавен обвинител.