Широк бран со ниска облачност вечерва го зафати Скопје. Глетката на небото беше невообичаена. Молњи речиси на секоја секунда. Екипата на 4NEWS.mk направи уникатно видео од вечерашниот „спектакл“.
Нестабилност на повеќе места во западна Македонија, поинтензивна во Кичевско. Од југозапад кон Скопската Котлина навлегува нестабилна маса, која ќе предизвика пороен дожд и грмежи, поинтензивни во нејзиниот јужен и источен дел.
Нестабилното време во земјава ќе продолжи до околу полноќ, а потоа атмосферата постепено ќе се стабилизира и врнежите ќе престанат.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Во раните утрински часови променливо облачно со повремен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.