ФОТО Започна маршот за настраданите во Кочани: „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите?“

Денеска во Скопје започна „Маршот за ангелите“. На транспарентите кои ги носеа присутните пишуваше: „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите?“

Маршот ќе започне пред Oбвинителството, па ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ досега одржаа четири протестни марша во Кочани на кои ги повикаа институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата, да не ја одбегнуваат одговорноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното