Французин завршил на ургентно – во ректумот му пронашле граната од Првата светска војна

Инцидент се случил во болницата Рангеј во Тулуз во ноќта од сабота кон недела. Маж отишол во итната помош со граната од Првата светска војна во ректумот.

Интервенирала и екипата за деактивирање бомби, објавува „Ле популар ди сентр“.

Според весникот, мажот побарал медицинска помош во саботата поради болка во задникот, без веднаш да ја наведе причината за неговите тегоби. Медицинскиот персонал го сфатил случајот сериозно. За време на прегледот околу 2 часот наутро, лекарите откриле колекционерска граната од 1918 година, долга речиси 20 сантиметри и дијаметар од 4 сантиметри.

Вклучени се полицијата и екипите за деактивирање бомби

Зашеметени од откритието, лекарите не сакале ништо да остават на случајот и веднаш ги известиле надлежните служби. На местото на настанот била испратена полициска единица, како и екипа за деактивирање бомби, а како претпазливост биле повикани и пожарникари.

Експертите утврдиле дека станува збор за граната од Првата светска војна и ја неутрализирале. Иако било потврдено дека предметот не претставувал закана, околностите под кои завршил во ректумот на мажот се непознати.

Човекот беше испрашуван, а случајот го презеде обвинителството во Тулуз.