Фризер не може да поверува дека Ѓоковиќ го посетил – „Сите клиенти ги откажав, ова го чекав 20 години“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Црна Гора се подготвува за Олимписките игри во Токио.

Пред враќањето во Белград и патот кон Јапонија, Новак се решил да ја дотера својата фризура, а фризерот воодушевен целиот настан до детаљ го сподели на социјалните мрежи.

„Ѓоковиќ го следам од самиот почеток. Можам слободно да кажам дека сум меѓу најголемите фанови и љубители на тенисот. Гледајќи мечеви, знаев и да ја приметам фризурата на Ѓоковиќ и да искоментирам дека му е за потстрижување. Еднаш Маја ми кажа „Замисли некогаш да го потстрижуваш Ѓоковиќ“, а јас и одговорив дека нема шанси тоа да се случи, иако потајно тоа го посакував со целото срце и го сонував овој момент.

Кога го добив повикот од своите пријатели за да закажат фризер за Ѓоковиќ, бев во неверување… Ја побарав Маја и и кажав: „Денес добив повик кој цел живот го чекав. Погоди на кого најмногу му се радувам по семејството?“. Откажав се обврски што имав тој ден и подранив на работа. Кога се појави се извини бидејќи малку доцни, а јас му кажав „Јас овој момент го чекам 20 години“. Денеска направив спомени за цел живот. Го потстрижав Новак пред патувањето на Олимписките игри во Токио. Се фотографиравме, разговаравме за спортот.. И повторно се уверив дека најголемите луѓе се наједноставни. Новак, ти благодарам“, пишува Иван Вукчевиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното