Газда во Штип, ја предаде конфекцијата на своите вработени

Од 1 јануари, конфекцијата во штип, „Вабо“, ќе биде предадена на вработените. Газдата на конфекцијата, Ване Богдов, кој ја започнал оваа приказна уште пред цели 25 години, ја предава фирмата на своите вработени.

Со текстилната конфекција ќе раководи Тања Николова, технолог со долгогодишен работен стаж и Дарко Роглев, референт по извоз.

-Вчера имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата, изјавил Ване Богдов за „истокпрес.мк

За да не дојде до заблуда,  Богдов фабриката не им ја дава во сопственост на работниците, туку им ја предава на користење.

-Јас им ветив дека со своите врски со деловниот свет во државите од Западна Европа со кои соработувам цели 25 години, без никаков надомест за себе, ќе им обезбедувам работа на еден подолг временски рок. Јас сум им гарант дека тие редовно ќе земаат плата зашто работа има за многу идни години. Важен е и фактот дека тие нема да имаат режиски работници, кажа Ване Богдов.

Поврзани вести

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...