Герила акција за професорот Кочо Анѓушев

Активистот Бленди Ходаи сподели фотографија на друштвената мрежа Фејсбук на која се гледа транспарент на која пишува „Како да завршиш на американската црна листа? Прашај го професорот“. Тој вели дека поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев не може да биде во академските кругови.

Во својот став, Ходаи го обвини Анѓушев за поврзаност со корупциски практики, велејќи дека тој може да предава единствено за „како се краде, како се местат тендери и како преку корумпираност се стига до трагични последици“.

„Државата што толерира вакви појави во високото образование не е држава што се бори против корупцијата, туку држава што дозволува криминалот да биде пример за патот до успехот,“ напиша Ходаи, нагласувајќи дека личности како Анѓушев не треба да имаат контакт со студентите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното