Главчев бара Македонија да ги почитува договорите: Ќе ги потсетам кои се условите за прием за ЕУ

Бугарскиот премиер Димитар Главчев истакна дека очекувам Северна Македонија да ги почитува договорите.

„Ќе ги потсетам европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка и какви се Патоказите за прием на земјата во ЕУ. Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Северна Република Македонија дека нема да се извршат такви измени“, рече Главчев.

Тој нагласи дека ќе ги информира европските лидери какви се состојбите и што досега беше усвоено во однос на ова прашање.

Запрашан дали Бугарија разговарала со Грција за преземање на некакви заеднички акции, бугарскиот премиер изјави дека засега не станало збор за нешто такво, но дека и тоа не е исклучено во иднина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното