Гледате ли? Еве што побарала контрола на лет од пилотот на Black Hawk помалку од 30 секунди пред сударот со авионот

Во медиумите се појавија детали за последните моменти пред судирот на патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган во Вашингтон.

Неколку минути пред планираното слетување, контролорите на летот го прашале екипажот на авионот дали може да слета на пократката писта на аеродромот, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес.

Пилотите одговориле да и контролорите ги ослободиле да слетаат на пистата 33. На помалку од 30 секунди пред падот , еден од контролорите го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.

Контролорот направи уште еден повик до хеликоптерот неколку моменти подоцна. Меѓутоа, тогаш дошло до судир.

Податоците што ги пренесува транспондерот на авионот пред падот покажуваат дека авионот во моментот на падот се наоѓал на височина од околу 120 метри и се движел со брзина од 225 километри на час.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното