Популарните веб страници вчера беа недостапни поради глобален пад на интернет – услугите, објави Би-Би-Си.
Корисниците кои се обидоа да пристапат до некои од страниците добија порака за грешка DNS, што значи дека не можеа да стигнат до страниците.
Едни од погодените страници беа и PlayStation, Airbnb, UPS, HSBC bank и British Airways.
Популарниот давател на ДНС услуги, Акамаи, во меѓувреме, објави дека проблемот за брзо е решен и дека услугата повторно функционира нормално.
Даун Детектор, платформа за следење на падови на Интернетот, објави илјадници кориснички проблеми на десетици платформи. Меѓу погодените страници се наоѓаат страниците на банките Берклис, Лојд, ТСБ и Халифакс, страници за игри како што се Steam, Col of Duty.
Ова е втора ваков масовен пад на системот во последните два месеци.
Во јуни, голем број важни страници, вклучително и бројни меѓународни весници и владини страници, паднаа поради дел од сервисот Фастли.
Во тој случај, подоцна се покажа дека промената на поставките на еден клиент несвесно ја наруши целата инфраструктура.