Го празнуваме Свети Анастасиј – Спасо Радовишки

Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик.

На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает.

Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван.

Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа.

По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.