Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера изрази надеж дека ќе успее да и донесе на својата земја барем еден бронзен медал од Игрите во Токио, откако ги загуби и двете полуфиналиња, во поединечна конкуренција и во мешани двојки.
Најдобриот светски тенисер на вчерашната олимписка програма најпрво остана без пласман во машкото финале, откако загуби од Германецот Александар Зверев, а неколку часови подоцна го загуби и полуфиналниот дуел во мешани двојки со Нина Стојановиќ.
„Се чувствувам ужасно во секоја смисла, нo се надевам дека ќе успеам брзо да се опоравам за да и донесам на мојата земја барем еден медал“, изјави Ѓоковиќ.
Во двете конкуренции тенисерот денес ќе се бори за бронзениот медал.