Жителите на поголем дел од Скопје попладнево се соочуваат со студени радијатори.
Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов е прекината испораката на топлинска енергија во населбите Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
Од компанијата велат дека нивните екипи веќе работат на точно лоцирање и изолирање на дефектот за што побрзо да се воспостави нормално греење.
За сите прашања, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на (02) 3076 200 или 075 400 100.

