Во Кривичниот суд сведочи таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.
Тој е обвинет дека му давал информации на првообвинетиот Љупчо Палевски за тоа кога точно излегува за на училиште, со цел да биде грабната.
Зборувајќи за односот со своите ќерки, вели дека тоа било љубов на прв поглед, а додава и дека со мајката Зорица ги следеле своите ќерки преку Гугл мапс.
„Ги чувам, хранев си играв со нив. Стално знаев каде се. Кога потпораснаа, ги следевме со Зорица на „Гугл мапс“ апликацијата. Иако и тие ако сакаа да сменат локација нè известуваа. Беа ангели“, вели тој.
Тој објаснува дека во саботата пред грабнувањето, тие биле на ручек кај него.
„Сакаа да излезат со друштво. Ги разнесував со кола. Миња ми кажа на шега: „Ти и мама сте ни како Убер драјвери“. И се јавив на Вања и ми рекоа и нив да ги однесам во Сити мол. Имаа време за излегување до 22 часот.
Во неделата пак, како што вели, децата беа кај Зорица а тој бил кај мајка му.
„Миња попладнето излезе, ги испратила другарките и ми рече да ја земам. И предложив да уклучи камера и да се движи додека разговараме и додека не дојдам по неа“, вели Александар.