Ѓорѓиевски длабоко се кае за поддршката за Данела Арсовска – „Сама е во оваа битка“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес конференција истакна дека длабоко се кае за искажаната поддршка за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на изборите каде беше поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Длабоко се каам што некогаш сум се довел во ситуација да дадам поддршка за Данела Арсовска“, истакна Ѓорѓиевски, по што еден од новинарите истакна дека не велел дека е некадарна кога биле заедно во кампања на што присутните почнаа да се смеат.

Тој претходно истакна дека зад него стојат граѓаните, додека пак Арсовска е сама во оваа битка!