Ѓорѓиевски: Ревизија и одговорност за работата на Арсовска

Победникот во вториот круг од локалните избори за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва порача дека ќе има ревизија и одговорност за работата на досегашната градоначалничка Данела Арсовска.

„Апсолутно, и ревизија и одговорност, не само за Арсовска, туку за сите кои се огрешиле пред законот“, вели Ѓорѓиевски.