„Гоце Делчев, Бугарин од Македонија“ – Дали ова е можното решение за ликот на револуционерот

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, екс министерот за надворешни работи, Антонио Милошовски, тврди дека дипломатски извори во МНР откриле дека последниот прелог на официјална Софија е премиерите на РСМ и Бугарија, Заев и Борисов, да се договорат за оваа дефиниција за ликот на Гоце Делчев.

“Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”, пишува Антонио Милошоски.

Ова дефиниција, како што пишува Милошоски, потоа ќе се спроведе и за многу други историски ликови како што се Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров итн. Но овие тврдења ги отфрлија од Влада, како невистинити и шпекулации.

„Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања“, велат од Владата.

Иако од Влада негираат, како што изгледа тврдењата на Милошовски се чинат доверливи и за членовите на СДСМ. Екс заменик министерот за образование од партијата на Заев, Петар Атанасов напиша дека како во политичка смисла, така и како државен симбол, Гоце Делчев по националност  е Македонец.

„Со кој памет некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има и објективни и и субјективни елементи. Таа тема не смее да биде на дневен ред!“, додава Петар Атанасов.

Имаше реакции и од партијата на премиерот, СДСМ, од каде напишаа дека лагите на Милошовски се класична саботажа и обид за ослабување на националните позиции.

На 11 ноември во Софија се очекува да се сретнат премиерот Заев со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во време кога источниот сосед упорно бара решение за македонскиот јазик и некои историски ликови, во спротивно може да го блокира почетокот на преговорите со ЕУ. 

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното