Граѓаните излегуваат на улица: Два протести денеска во Кочани!

Два одделни марша денеска се најавени во Кочани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Првиот е закажан за во 12:05 часот под називот „Марш за ангелите“. Истиот носи симбол на задоцнетата институционална реакција, а е во организација на семејствата на починатите во трагичниот пожар.

Тие ќе се соберат во Паркот на Револуцијата, по што ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Како што велат, протестот не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката и граѓаните кои не го прифаќаат таквото укажување не мора да се приклучуваат.

Другиот протестен марш под називот „Ваш профит – наши животи“ е закажан за во 15 часот и 59 минути и ќе има слична рута до институциите како и претходниот.

Притоа, во најавата што беше објавена на социјалните мрежи, не е наведено кој го организира. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното