На паркингот спроти ГТЦ сепак ќе никнат висококатници иако градоначалникот на О. Центар тврди дека мораториумот за градби е на сила и секој план ќе се ревидира пред да издадат дозвола. Во ДУП-от се предвидени 3 60 – катници на земјиштето во Ново маало 2 кое е во приватна сопственост. Богдановиќ уверува дека за проектот ќе одлучува заедно со граѓаните, стручната фела а и ќе се потруди да ја намали висината на планираните облакодери.
Граѓаните не се сложуваат со планот за висококатници и сметаат дека на ова место е неопходен голем паркинг каков што има до сега.
Богдановиќ смета дека не е важно дали на некоја парцела е државна, црковна или приватна тој ќе се залага да не се узурпира просторот во општината како што до сега тоа го правеле неговите претходници. Вината и за 60 катниците ја префрла на порашените општински гарнитури. Тврди дека во Ново Маало 2 се предвидени неколку специфични урбанистички планови но ќе се обиде да ги измени штом дојдат на дневен ред за одобрување. Ианку според ГУП на ова место е предидено дека можат да домуваат 347 семејства. До сега реагираа неколку граѓански организации и побараа целосно да се укине планот бидејќи на тоа место сметаат оти треба да остане паркинг но и ново зеленило.
Извор: Сител