Регионалниот грчки гувернер, Ѕиѕикостас порача дека нема да ги промени таблите со патокази кои водат кон Македонија.
Немам намера да го почитувам Преспанскиот договор, според кој знаците кои досега беа именувани со „Скопје“ треба да се заменат со „Северна Македонија“.
Сакам да бидам јасен: Знаците на улиците во регионот Централна Македонија нема да се променат. Додека сум регионален шеф, на знаците ќе пишува ‘Скопје’, а не ‘Северна Македонија’, штом соседите избираат име кое не им припаѓа. За мене тие беа и ќе останат ‘Скопје’“, рече Ѕиѕикостас во разговорот со телевизија „Скај“.