Градежните работи на Коридорот 8 ќе почнат наредната недела, најави вицепремиерот и координатор на проектот Артан Груби.
„Работите треба да започнат на 12 септември над село Дебреше. Досега проектирањето оди во одлична форма од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и сите компании кои се ангажирани. Од „Бехтел и Енка“ имаат закупено огромен дел од механизацијата и таа е веќе на пат кон нашата земја. Градежни работи се вршат насекаде, а ќе продолжат и на Коридорот 8 со минирање на планината над Дебреше и со трансфер на целиот тој материјал на новиот автопат помеѓу Тетово и Гостивар“, изјави вицепремиерот Артан Груби на увидот на градежните работи на автопатот Скопје-Тетово.