Балкан

Групата „Татковинска правда” објави хакирани досиеја на албанските граѓани и порача „играта штотуку почна“

Групата „Татковинска правда” објави хакирани досиеја на албанските граѓани и порача „играта штотуку почна“

Таканаречената група “Homeland Justice” или “Татковинска правда“ од Иран откако објави хакирани материјали од електронската пошта на премиерот Еди Рама и Министерството за надворешни работи на Албанија, сега ги откри телефонските броеви на албанските државјани.

На веб-страницата https://homelandjustice.ru/ хакерите објавиле вкупно седум фајла, каде што се претставени името, презимето и бројот на личната карта на секој албански државјанин, заедно со неговиот телефонски број.

„Играта штотуку почна. Сега луѓето ќе сфатат дека нивните корумпирани политичари не направиле ништо за нивната безбедност“, е пораката што ги придружува објавените досиеја.

Кибернападите што се случија во средината на минатиот месец, три недели ги остави вон функција онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници во Албанија.

Претходно групата, која ја презеде одговорноста, јавно ги објави електронските адреси на најважните албански институции, вклучително и оние на премиерот Еди Рама, како и важни документи

Покрај албанските органи на прогонот, за оваа проблематика во Албанија се дојдени и експерти од американското ФБИ за да го истражат случајот.

По кибернападите Рама им гарантираше на граѓаните дека нивните податоци се безбедни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни