Притвор од 8 дена доби хиругот М. С. (64) кој беше успасен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница , потврди Обвинителството.
М. С. (64), хирург во Клиничката болница во Битола, е приведен поради примање мито од 150 евра. Според Обвинителството, тој на 27 јануари, по извршена операција, побарал пари од синот на пациентката, преку сведок. Следниот ден, син на пациентката му дал 150 евра, а кога ги примил, бил уапсен. Полицијата го извршила претрес и ги одзела парите.
Од Клиничката болница во Битола истакнаа дека се оградуваат од постапката на хирургот, ја осудуваат и презеле мерки за негово отстранување од функцијата и суспензија додека трае истрагата.