Холанѓаните се жалат: Од публика Македонците фрлаа со разни предмети и го плукаа нашиот тренер

Холанѓанците се жалат за голем скандал кој го одбележал натпреварот меѓу Холандија и Македонија во Вараждин на Светското првенство во ракомет.

Како што велат, додека играчите се ределе за доделување на наградата „Човек на натпреварот“, македонските навивачи почнале да фрлаат разни предмети кон Холанѓаните.

Исто така, како што пренесува холандскиот Nos, македонски навивач го исплукал Олсон, а тоа наводно го потврдил и портпаролот на холандската репрезентација.

По ова, Холанѓаните решија да побегнат во соблекувалната пред крајот на наградата, по што Швеѓанецот Стафан Олсон бесен се сврте кон навивачите и накратко им аплаудираше на своите играчи и навивачи.

Холанѓаните во последните три минути постигнаа три гола и победија со 37-32, а судиските одлуки запалија искра на трибините во Вараждин на кои доминираа македонските навивачи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното