Семејна драма со обид за убиство се случила во дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде 17-годишен малолетник со остар предмет десет пати го прободел сопствениот татко, соопшти денеска Основното јавно обвинителство.
Според наводите на Обвинителството, крвавиот напад се случил додека таткото се наоѓал во спалната соба. Тинејџерот му пришол од зад грб и со умисла се обидел да го убие, нанесувајќи му десет убодни рани.
Уште поголема трагедија спречила мајката, која била во близина и успеала да го оттурне својот син од сопругот, по што веднаш повикала итна медицинска помош.
И покрај извршениот оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, таткото се наоѓа во живото-загрозувачка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Јавен обвинител од надлежниот суд за деца побарал поведување на подготвителна постапка против 17-годишникот за кривично дело „Убиство во обид“, извршено во рамки на семејно насилство. Поради сериозноста на делото, обвинителот исто така предложил на малолетникот да му биде одредена и мерка притвор.
Читај и ова:
- 1.Драматична ноќ во Виница: Повредени пожарникари кои заглавиле во шербет, заштитен шлем спречи трагедија…
- 2.ОГРОМЕН ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во јули некој зел плата од 324.000 евра, а друг само еден денар
- 3.Дневен хороскоп за 7 септември 2025 година
- 4.Клучниот далековод кон Албанија, за кој добивме 12 милиони евра грант, е заглавен 10 години
- 5.Сончево! Попладне можност за слаб до умерен северен ветер