Нишлијка (28) денеска со нож го нападнала маж (50) со кој, како што се претпоставува, е во емотивна врска.
Според неофицијални информации, до инцидентот дошло денеска нешто по 10 часот во стан во стамбена зграда на Сомборски Булевар, пренесува Б92.
Наводно, мажот и девојката се скарале, по што Нишлијката му нанела еден удар со нож во грб на својот емотивен партнер.
На лице место веднаш излегла интервентната единица на Полицијата во Ниш и екипа на Итната помош.
Мажот бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Полицијата извршила увид, известено е надлежното обвинителство и се утврдуваат сите околности на овој настан.