Даночната управа на Хрватска објави нови податоци кои го покажуваат одговорот на граѓаните на бојкотот на продавниците поради високите цени.
Според вкупните податоци до 16 часот, прометот паднал за 29 отсто во однос на минатиот петок, додека износот на сметката е исто така помал, за 31 отсто. Но, она што најдобро покажува како Хрватите реагирале на бојкотот на продавниците се податоците за активноста на трговијата на мало, кои покажуваат дека бројот на сметките паднал за 43 отсто во однос на минатиот петок, а износот на сметките за цели 50 отсто.