Хрватска згреши со македонската зелка?! Министерот тврди дека не се пронајдени недозволени хемикалии!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, информираше дека контролите спроведени кај производителот на зелката, која неодамна беше вратена од Хрватска поради наводна неисправност, покажале дека не се користени забранети препарати за заштита на растенијата. Според направените анализи, не е детектирана употреба на недозволени хемикалии.

Трипуновски објасни дека по враќањето на пратката од Хрватска веднаш биле преземени мерки. Инспекторатот за земјоделство извршил дополнителни контроли и земени се мостри од зелката, кои биле подложени на лабораториски тестови. Резултатите од анализите биле негативни, што значи дека не се користени забранети пестициди.

Министерот нагласи дека не може да потврди дали станува збор за грешка на хрватските гранични контроли, но увери дека во Македонија нема индикации за присуство на недозволени препарати во земјоделската култура. Тој додаде дека контролните активности се засилени во борбата против нелегалната трговија со пестициди.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното