Се сеќавате ли на Сенди Мартон, хрватски пејач и текстописец, кој беше на врвот на музичките листи со хитови како People from Ibiza и Camel By Camel во текот на 80 -тите години?
Сега, речиси 40 години подоцна, неговата песна Camel By Camel повторно стана вирална на социјалните мрежи, пред се на Тик ТОк, благодарение на животното Анха и нинтендо играта Animal Crossing.
Да, добро прочитавте. животното Анха е лик претставен преку експлицитно видео, и ако не сте обожавател на Нинтендо, најверојатно нема да разберете за што станува збор.
Двоминутното видео ја покажува Анха, мачка со шлем на фараон, како води љубов со песна во позадина.
Таа песна е токму – Camel By Camel.
Многу луѓе на Интернет го изразија своето незадоволство од видеото.
„Зошто Тик Ток постојано ми го покажува тоа видео? се запраша еден корисник.