И италијанската премиерка го прекрши кодексот на облекување на погребот на папата

Џорџија Мелони, италијанска премиерка, го прекрши традиционалниот кодекс на облекување за жените на погребот на папата Франциск.

Кодексот бара долг црн фустан, црн превез, црни ракавици и минимален накит.

Ватикан, исто така, препорачува затворени чевли со ниска потпетица. Мелони се појави во одело и не носеше превез.

Со тоа, таа ги прекрши правилата што одразуваат почитување на светоста на настанот и традициите на Католичката црква.