Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не остана рамнодушен на веста за масакрот во Цетиње , каде животот го загубија 12 лица, а уште четворица беа повредени.
Тој се огласи на својот Инстаграм профил во саботата наутро, објавувајќи фотографија од свеќа на темна позадина, со натпис „Цетиње“ и емоџи симболизирајќи молитва за жртвите.

