Физичкиот судир меѓу двете жени се случил во понеделникот, на православниот Бадник, во дворот на православната црква во Бјеловар, а според неофицијални информации до тоа дошло затоа што 45-годишната жена ја обвинила помладата жена за недоволна вклученост во црковните активности.
Извори блиски до црквата наведуваат дека повозрасната жена и претходно покажувала знаци на необично однесување, поради што повикале полиција.
Инцидентот се случил на улицата Тумбиќева во дворот на црквата околу 11 часот, кога 45-годишна жена прво вербално, а потоа и физички нападнала 36-годишна жена. Понатамошна ескалација на конфликтот е спречена со навремена интервенција на 30-годишен маж, соопшти во вторникот полицијата.
Со оглед на природата на инцидентот и можноста за повторување на делото, на 45-годишната жена полицијата изрече мерка на претпазливост – и е забранет влез во православната црква како и приближување, воспоставување и одржување каков било контакт со 36-те -годишна жртва.
Поради нарушување на јавниот ред и мир, 45-годишниот напаѓач ќе одговара пред надлежниот суд.
