Во Неготино, родниот град на Фросина Кулакова, која беше прегазена во Скопје, денес се одржа протест за барање одговорност и поголема безбедност на улиците. Присутните порачаа дека неказнивоста е правен неуспех и дека трагедиите како оваа не смеат да се повторуваат.
Софија Шутова, организатор на протестот, истакна дека ова не е само загуба на млад живот, туку и предупредување дека не сме безбедни, бидејќи оние што треба да не штитат се на страната на виновниците.
Другарката на Фросина, Вера Најдовска, зборуваше за болката што ја предизвикала трагедијата, нагласувајќи дека Фросина беше херојка и инспирација за сите што ја познаваа. „Ти не си само жртва на системот, ти си херојка“, истакна Најдовска.
Каролина Маркова зборуваше за Фросина како светлина во животите на сите што ја познаваа, додавајќи дека нејзините соништа никогаш нема да се остварат поради несовесноста која ја одзела нејзиниот живот. Протестот заврши со порака за одговорност и поголема свесност за безбедноста на улиците.
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, апелираше да се спречи неказнивоста, истакнувајќи дека ако се дозволи, тоа ќе доведе до распад на општеството.
Протестот беше поддржан и од Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која исто така загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ пред три години.
Таткото на Фросина и учесниците на протестот повикаа на одговорност, безбедни улици и поголема свест за сообраќајните несреќи.