И поп кралицата Мадона ги поддржа протестите во Србија!

Светската поп-кралица јавно ги поддржа студентските протести во Србија. Преку својот профил на Инстаграм, Мадона (66) испрати силни зборови до младите кои се борат за подобра иднина во нашата соседна земја.

Таа во форма на приказна на Инстаграм сподели видео снимено со дрон, на кое се гледаат десетици илјади луѓе за време на протестот во Нови Сад, како и снимки од улиците на Белград. Под неа оставила зборови на поддршка.

– Поддржете го единството ширум светот – порача глобалната музичка икона.

На видеото што го сподели, таа исто така пишува: „Моќта на единството. Она што медиумите не го покажуваат е дека сме сведоци на едно од најголемите студентски движења во регионот од 1968 година. Да го поддржиме обединувањето низ светот.

– Речиси сите Универзитети се затворени од студенти, се спроведуваат и 24-часовни блокади. Илјадници луѓе излегуваат на улиците на Србија и бараат системски промени и помала корупција во нивната влада – продолжува видеото.

Видеото е прегледано повеќе од 4,3 милиони пати и има повеќе од 225.000 лајкови.

Да потсетиме, студентските протести во Србија, кои траат со месеци, се насочени против власта, а предизвикани од трагедијата во Нови Сад, каде во ноември минатата година при уривање на настрешница загинаа 15 лица. Студентите бараат одговорност од властите, борба против корупцијата и зајакнување на институциите без политичко влијание.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното