Илон Маск рече дека е огорчен од нападите врз продавниците на Тесла и поединечните возила на Тесла. Во последните неколку недели пред десетици објекти на компанијата имаше протести против работата на милијардерот за администрацијата на Трамп. А ФБИ најави дека ќе го испита палењето и вандализмот на автомобили и станиците за полнење како терористички акти.
Маск за нападите ги обвинува политичките противници на Доналд Трамп .
“Зарем не е шокантно колку насилство и омраза доаѓа од левицата? Нели тие беа партија на емпатија? Така се прикажуваат себеси. И палат автомобили и пукаат во салоните. Тие повикуваат на смрт на претседателот Трамп и мене. Ова е лудо. Тие целосно полудеа”, рекол милијардерот.