Инцидент во кумановскиот дом за стари лица: Две баби претепале трета!

Во домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово вчера бил регистриран физички инцидент помеѓу корисниците.

Според информациите од СВР Куманово, жртвата е С.Ц. од Скопје, која со повреди била пренесена во кумановскиот Ургентен центар.

Нападот се случил во попладневните часови, а според пријавата, врз жената физички нагрнале две други лица кои исто така престојувале во домот.

Од раководството на установата потврдуваат дека се запознаени со случајот и најавуваат соодветни мерки веднаш штом полицијата ќе го достави официјалниот извештај за настанот.