До крајот на февруари, граѓаните треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираа дека досега се исплатени средства на 344.000 од вкупно 496.543 корисници, а остануваат уште 152.543 корисници за обработка.
Заклучно со денес (19.02.2025), исплатата се одвива според планот, а до крајот на месецот ќе бидат обработени сите податоци. За скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се исплатат над 870 милиони денари.
Корисниците кои немаат добиено средства во претходни тримесечја треба да ги ажурираат своите трансакциски сметки, посочуваат од УЈП.