Испливаа разголени фотографии од Адријана Лима

Супермоделот Адријана Лима (40) објави нов сет фотографии на кои позира во провокативен, чипкан стајлинг.

Адријана е новото заштитно лице на новата модна кампања на Ријана „Savage x Fenty“, а со нови фотографии уште еднаш го оправда епитетот „кралица на модели за долна облека“.

Таа неодамна ја откри тајната на нејзината убавина. Таа вели дека не сака тешки пудри кои ја кријат нејзината природна кожа, па затоа, на прво место, само ја измазнувала кожата со крем ББ, кој со прсти го нанесува на лицето.

Адријана сака да менува кармини, да експериментира со бои и да пробува нови трендови. Сепак, во нејзиното срце има посебно место за црвениот кармин.

„Се чувствувам непријатно ако не носам кармин. Без него, јас сум некако бледа. Сакам светло -црвени нијанси кои даваат свеж изглед“ – рече Лима.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното