Иванов: Да си ја чуваме, сакаме и почитуваме Република Македонија

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на литургијата по повод Божиќ во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Тој им честита Божиќ на сите верници посакувајќи им многу здравје, среќа и радост и да бидат сплотени како на овој празник, така и во текот на целата година.

„Празниците се и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме. Затоа да си ја чуваме, сакаме и почитуваме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме“, изјави Иванов.

Се вчитува...

Извор: ТВ21