Избегнат судир на два авиони над Скопје?!

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите за инцидент на 7 септември, кога два авиона за малку избегнале судир над Скопје, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК

Според воздухопловните власти, секоја ваква ситуација мора да биде детално истражена. Првично, контролата на летање ја врши М-НАВ, кој има задача да ја пријави ситуацијата. Потоа, АЦВ ја оценува сериозноста на инцидентот и одлучува дали се работи за обичен или сериозен инцидент. Во случај на сериозен инцидент, истрагата ја презема Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Читај повеќе на Сакам да кажам