Измамници се обидуваат да стигнат до граѓаните – се претставуваат дека се од МВР и Европол и даваат покани за истраги!

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека  до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал  при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

Секторот за компјутерски криминал  апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното