Живот

Ја славиме Светата маченичка Христина: Беше неверојатна УБАВИЦА која му го предаде животот на Христа, а за мир во душата ПОМОЛЕТЕ СЕ!

Ја славиме Светата маченичка Христина: Беше неверојатна УБАВИЦА која му го предаде животот на Христа, а за мир во душата ПОМОЛЕТЕ СЕ!

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа.

До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за да им принесува жртви секојдневно.

Но, на таа млада душа и беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Кој го виде нејзиниот копнеж по вистината, ѝ испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието.

Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска лутина кај татко ѝ. Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но, таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија измачувањето на светата девица.

Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов среде народот. Неговиот наследник Јулијан ѝ ги отсече градите и јазикот.

Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во третиот век.

Молитва:

„Твоето мало овче, Исус, Христина, вика со силен глас: „Те сакам, младоженец мој, и те барам страдам, и јас сум распнат и погребан во Твоето крштевање. И страдам за Тебе, за да царувам со Тебе, и умирам за Тебе, за да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, жртвувана со љубов кон Тебе.“ Со нејзините молитви, како Милостива, спаси ги нашите души“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни