Јанчев: Нема жртва во пожарот во старечкиот дом во Кавадарци

Пожар изби во старечкиот дом во село Чемерско, кавадаречка општина, каде што се сместени триесет лица. Информацијата за инцидентот ја потврди градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за МИА. Тој додаде дека на терен се тимови на пожарникари, медицински лица и полицајци. -Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот. 
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното