Oпштинските власти во Тетово објавија дека недостасуваат 20.000 учебници, што ги принуди родителите да фотокопираат материјали за учење.
За ова, министерката за образование и наука Весна Јаневска, истакна дека Министерството испорачало учебници во количини што училиштата побарале, но дека не биле пријавени оштетените учебници.
„Ова е големо недоразбирање. Министерството не може да знае колку учебници се потребни ако училиштата не ги пријават“, рече Јаневска.
Таа додаде дека училиштата не ги известиле за оштетувања, што влијае на планирањето.
„Ако добро ги следите изјавите на вработените во Општината, претпоставувам одговорни за образование, тие самите велат дека ги штеделе родителите. Законот предвидува ако учебникот е оштетен, родителот треба да исплати сума за обнова на учебник од 10 до 70%, во зависност од оштетувањето. Тие ги штеделе родителите од за мене непознати причини, тие треба да си кажат зошто, и не ги пријавувале оштетените учебници“, додаде Јаневска.