Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното издание на „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма, рече дека договорот е мртов и нема за што повеќе да се дискутира. Запрашан дали се подготвени за предвремени парламентари избори доколку договорот не помине во Собранието, тој изјави дека подготвени се и ќе победат на предвремените избори.
Мухамед Зекири пак рече дека опозицијата треба да го поддржи договорот и дека нема друго решение во моментов. Едно е да помине договорот во Собранието за што ние сме убедени дека ќе биде и второто решение е да се оди на предвремени парламентарни избори доколку договорот не помине во Собранието.